почеток english shqip контакт  
Фондација "е-Македонија"
 

Проект „Кажи нешто“

Натпреварот ќе трае од 24 декември 2013, до 30 април, 2014 година. Сите заинтересирани треба да се регистрираат на веб страната www.kazinesto.org.mk која ќе служи и како блог агрегатор. На истата страница учесниците ќе можат да најдат и упатство за блогирање, чиј автор е познатиот блогер Дарко Булдиоски.

Право на учество имаат сите ученици од 14 до 18 години од средните училишта во Македонија. Блог може да пријави ученик-поединец или тим до пет ученици. На натпреварот може да учествуваат и средношколци со веќе постоечки блогови, доколку се регистрираат.  

Секое училиште може да пријави неограничен број на учесници кои ќе учествуваат во натпреварот преку создавање на написи или други изразни средства со кои ќе ги искажат своите идеи и ставови на зададените теми.

Учесниците ќе може да креират блогови на следните две теми: „Кажи ТЕХНОЛОГИЈА“, која ги покрива подкатегориите: живот онлајн, хакеризам, мобилен интернет, мобилни апликации и „Кажи СТИЛ“ со подкатегориите: љубов, култура, спорт и зелен.

Најдобрите блогови ќе бидат оценети согласно утврдените критериуми од страна на стручно жири. Најдобрите три блога ќе бидат наградени по завршувањето на натпреварот, во мај 2014, кога ќе се одржи финален настан за прогласување на победниците.

 
 

 
правна напомена

© Македонски Телеком