почеток english shqip контакт  
Фондација "е-Македонија"
 

Проект “е-Училници”

Проектот “е-Училници” има за цел да им овозможи на социјално загрозените граѓани бесплатно да дојдат до основни познавања на работата со компјутери. Обуките се во тек и се реализираат преку три центри во Македонија, каде на социјално загрозените граѓани им се оддржува настава преку која ќе научат Word, Excel, електронска пошта и интернет.

Во 2012 година фондацијата е-Македонија објави тендер за реализација на проект “е-Училници” со цел да им овозможи на социјално загрозените граѓани бесплатно да дојдат до основни познавања на работата со компјутери.
 За реализација на проектот беше побарана соработка со локални НВО, кои реализираат активности за помош на социјално изолираните групи.
Од вкупно 10 пријавени организации, следните три беа избрани за партнери за овој проект:
1.      Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија "Женска акција" Радовиш
2.      Едукативен центар Алгоритам центар дооел Скопје
3.      Мрежен електронски народен центар за информатичка, образовна, научно - еколошка и технишка поддршка Скопје
Поддршката на Фондацијата за овој проект се состои од финансиска поддршка за отворање на е-училница, техничка поддршка со опрема за реализација на наставата, како и интернет конекција за целосно функционирање на опремата.

 
 

 
правна напомена

© Македонски Телеком