почеток english shqip контакт  
Фондација "е-Македонија"
 

Проект “е-Бонтон”

Фондацијата “е-Македонија” започнa со реализација на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање на правила за убаво однесување во е-комуникацијата и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.

„E-Бонтон” прирачникот се очекува да биде збирка на правила за етичко однесување и комуницирање при електронска комуникација од секаков вид, кои што ќе ја подобрат комуникацијата и меѓусебното разбирање меѓу луѓето.
Проектот е отворен и може да партиципираат сите граѓани кои, на било кој начин, се дел од информатичкото општество.
Фондацијата креираше веб страница www.ebonton.mk и Фејсбук фан страница „Е-Бонтон“ која е отворена за сите што сакаат да споделат мислења за да се креира прирачникот.

Повикот за испраќање на правила беше отворен до 15ти јануари, а од вкупниот број на пристигнати предлози во прирачникот ќе бидат вклучени 100.

Сите оние што ќе сакаат да го имаат овој бесплaтен “водич” ќе може да го најдат во некоја од Телеком продавниците низ Македонија, а истиот ќе биде достапен и во електронска форма на е-Бонтон веб страницата.
Се надеваме дека и по печатењето на овој прирачник, онлајн комуникацијата на оваа тема ќе продолжи, а дел од правилата ќе бидат практикувани од интернет корисниците. 

 
 

 
правна напомена

© Македонски Телеком