почеток english shqip контакт  
Фондација "е-Македонија"
 


Проекти 2005


1.Здружение на граѓани „Интерактивна мрежа за образование и ресурси“ - Битола

  • Донација за поддршка на проектот „Млади, е-дукација, граѓанско општество“ со цел да се подигне нивото на знаење кај младите за користење на интернет во процесот на учење, децентрализација на знаењето и полесен пристап до информации. Опфатени се 75 ученика од училиштата ДСУО „Браќа Миладиновци“-Скопје, ДСЕМУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола, Гимназијата „М.М.Брицо“- Делчево и Гимназијата „Аце Русковски“ од Берово- 

2. Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ Битола

  • Донација за поддршка на проектот „РОВИС“, со кој ќе се овозможи осовремување и унапредување на комплетните процеси, со примена на компјутерска технологија и апликативни програмски решенија. 

3. Здружение на невработени од тиквешко- пелагонискиот регион - Кавадарци

  • Донација за поддршка на проектот „Унапредување на информатичкото образование на долгорочно невработените лица“, кој ќе се реализира во Тиквешкиот регион – општина Кавадарци со околните населени места.

4. Мрежен Електронски Народен Центар - Скопје

  • Донација за поддршка на проектот „Наша Страна“, со кој ќе се реализира изработка на Веб страна, со цел да се промовира дел од Националната стратегија за млади.
  • Со проектот „Наша Страна“ ќе се креираат веб бази според усвоените програми од Националната стратегија за млади луѓе, достапност на нивните програми во електронска форма, како и поврзување на новосоздадените центри со руралните средини.

5.Фондација за развој на информатичките технологии- Младински информатички центар- Скопје

  • Донација за поддршка на проектот „Kомпјутерски курсеви за невработени лица и за редовни студенти од Скопје“, кои се одржуваат секој работен ден од 08.00-21.00 часот во Скопје.

6.Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци – Скопје

  • Донација за поддршка на проектот „Информативен сервис на граѓаните“, кој ќе се имплементира на 17 локации во градот Скопје.

7. Центар за современи уметности - Скопје

  • Донација за поддршка на проектот „Мали традиции-Големи вредности“, со кој ќе се реализира изработка на Веб страница за традиционалните обичаи и занаети од регионот на Река.

8. Фондацијата „е-Македонија“ на АД Македонски телекомуникации потпиша договор за донација со Меѓународната Фондација „Борис Трајковски“, со што го помогна издавањето на монографијата „Борис Трајковски- Претседател на Република Македониjа, 1999-2004.Скопје


 
 

 
правна напомена

© Македонски Телеком