почеток english shqip контакт  
Фондација "е-Македонија"
 


Aплицирање

Фондацијата „е-Македонија“ врз основа на член 7 од Статутот, како и врз основа на програмата за работа за 2015та година донесе одлука за:

ОБЈАВА бр. 01/2015

за прибирање на барања за поддршка на проекти што ќе бидат целосно или делумно помогнати од Фондацијата “е-Македонија” како дел од проектот “е-Училници”.

  1. Доставените барања за поддршка треба да се однесуваат на отварање на e-училница каде што целната група ќе научи да работи со компјутери (Word, excel и сл.) ќе се  здобие со знаење за предностите на Интернетот, електронска пошта и сл. Целна група се социјално загрозените лица.
  2. Фондацијата ќе обезбеди техничка поддршка со опрема за Виртуелна десктоп инфраструктура, како и интернет конекција за функционирање на истата. Техничката опрема е во сопственост на Фондацијата и по завршување на проектот истата ќе треба да се  врати.
  3. Обуката за работа со компјутери треба да биде реализирана од страна на стручно лице.
  4. Донираните средства од страна на Фондацијата за целосна или делумна поддршка за  отварање на една “е-Училница” се во износ до 4.000 евра. Во 2015 година ќе се реализираат две “е-Училници”.
  5. Право да достават проект врз основа на овој оглас имаат сите организации што се регистрирани во Република Македонија, а кои во рамките на своите дејности и цели  реализираат активности за помош на социјално изолираните лица или се грижат за подобрување на условите во информатичкото општество;
  6. Организациите кои ќе аплицираат за поддршка од Фондацијата треба да достават:
    • Прелиминарна документација
      • Фотокопија од тековна состојба од Централен Регистер на Република Македонија (не постара од 6 месеци)           
    • Документација за проектот
      • План на проектот изработен според апликацијата доставен во 2 примероци (1 на македонски и 1 на англиски јазик), како и 1 електронска верзија снимена во ПДФ формат на следната адресa: kontakt@e-makedonija.org.mk
      • Aпликацијата може да ја симнете тука.
      • Краен рок  за реализација на проектот треба да биде заклучно со 15.12.2015 година
      • Управниот Одбор на Фондацијата „е-Македонија“ ќе врши избор од доставените барања за поддршка врз основа на:

        - придонес на проектот за подобрување на знаењето за работа со компјутери на социјално изолираните групи;
        - времетраење на проектот;
        - досегашно искуство во реализација на слични проекти;
        - вклученост на стручни лица во проектот.

  7. Рок за доставување на барањата: 26.06.2015;
    Барањата да се доставуваат во затворен коверт со назнака „За Фондација “е-Македонија” – проект “е-Училници” - објава бр.01/2015“ преку пошта со препорачана пратка на адреса: Македонски Телеком А.Д.- Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр. 6, Скопје, и во електронска верзија снимена во ПДФ формат на: kontakt@e-makedonija.org.mk
  8. Фондацијата се обврзува да достави одговор на сите доставени барања за поддршка најдоцна до 14.08.2015 година;
  9. Фондацијата ќе потпише договор со организациите чии што проекти ќе бидат целосно или делумно поддржани;
  10. Фондацијата „е-Македонија“ го задржува правото да не избере ниту еден од проектите за кои е побарана помош.
 
 

 
правна напомена

© Македонски Телеком