 |
 |
 |
|
За фондацијата
Фондацијата “е-Македонија” Скопје (Фондацијата) е основана во 2004 година согласно одлуката на Одборот на директори на Македонски Телеком АД – Скопје како Основач, а во чест на имплементација на идејата на починатиот Претседател на Република Македонија, г-дин Борис Трајковски, за ширење и поддршка на придобивките од информатичко општество и унапредување на знаењето.
Визија
Инклузивно дигитално општество каде што секој:
- може да го истражува потенцијалот и придобивките на новите технологии,
- може слободно да пристапи и да споделува информации и услуги и
- може да учествува поефективно во заедницата.
Мисија
- Обезбедување на финансиски инвестиции за разни инцијативи кои можат да помогнат во решавањето на проблемот со дигиталната поделба и
- Оценување и формулирање на стратегии за промовирање на користењето и придобивките од ИКТ.
|
|
|
|
|